Моќната ракета на Северна Кореја: Може да ги погоди Лос Анџелес и Чикаго - Американците ги обвинуваат Русите и Кинезите

Пишува: Точка

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека „целата американска територија“ е на домет на ракетите со кои што располага Северна Кореја.

Интерконтиненталната балистичка ракета која што ја тестираше Северна Кореја се чини дека има домет доволен да ги погоди сите големи градови во Соединетите Американски Држави, предупредуваат американските воени експерти.

Комбинацијата на американските, јужнокорејските и јапонските анализи на лансирањето на севернокорејската ракета во близина на границата на Северна Кореја и Кина, укажале на тоа дека ракетата летала 45 минути, достигнала висина од 3,700 километри и постигнала домет од илјада километри.

„Кога таа ракета би била лансирана по стандардниот „рамен“ пат, американските градови Лос Анџелес, Чикаго и Денвер лесно можат да се најдат во нејзин домет. Можно е дури и да стигне и до Њујорк и Бостон“, изјавил експертот за ракети Дејвид Рајт од организацијата „Унија на загрижени научници“.



Вашингтон и Сеул најавија дека ја разгледуваат можноста за „воена реакција“, додека пак американкиот државен секретар Рекс Тилерсон за одговорни за целата настаната ситуација смета дека се Кина и Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека „САД ќе ги превземат сите потребни мерки за да ја обезбедат американската територија и да ги заштити своите сојузници во регионот“.

САД и Јужна Кореја возвратија со воена вежба во која што ги користеле американските тактички ракети земја-земја и јужнокорејските балистички ракети "Hyunmoo II", соопштија од командата на американската армија.



Од друга страна, Пекинг повикува на воздржаност. Кина во текот на денешниот ден го осуди лансирањето на ракетата, но очигледно е дека кинеските власти најмногу во овие моменти се обидуваат да ја смират ситуацијата.

„Кина се противи на севернокорејските прекршувања на резолуциите од Советот за безбедност при Обединетитие нации, но исто така очекува дека сите страни ќе останат воздржани и ќе избегнуваат зголемување на тензиите на полуостровот“, стои во краткото соопштение на портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи.

„Пекинг ја повикува Северна Кореја да ги почитува резолуциите на Обединетите нации и да престане да спроведува акции кои што можат да ја влошат ситуацијата“, порача Генг Шуанг.

No comments

Powered by Blogger.