На погрешно место во погрешно време: Побегнала од Германија за да се омажи за џихадист, па ја заробиле ирачките војници во Мосул

Пишува: Точка

16-годишна германска тинејџерка која што побегнала од дома за да ѝ се приклучи на Исламската држава, е заробена во неодамна ослободениот ирачки град Мосул.

Линда Вензел од околината на Дрезден е пронајдена заедно со уште неколку жени од „женската полиција“ на Исламската држава, од кои некои од нив носеле самоубиствени елеци со експлозив. Меѓу нив имало и жени од Русија, Турција, Канада и Чеченија

Таа ја напуштила Германија пред една година, а полицијата верува дека се заљубила во муслиман кој ја убедил да се пресели на Блискиот исток. Таа била меѓу 20-те следбенички на Исламската држава кои што биле заробени откако Мосул беше ослободен после тригодишните борби кои резултираа со 25 илјади загинати џихадисти и рушевини на градот.



Германските власти кои што ја вметнале на листата со потенцијални терористи, од фотографиите потврдиле дека станува збор за „девојката од Дрезден“. Таа била радикализирана во Германија, го променила името во Мариам, а на Фејсбук објавувала фотографии носејќи марама. Таа била несреќна поради семејната ситуација, па набрзо се свртила кон Исламот, почнала да учи арапски, да го носи Куранот на училиште, да носи конзервативна облека и слично.

Таа била под надзор на германските разузнавачки служби затоа што била осомничена за планирање на терористички напад откако побегнала во странство. На својата мајка ѝ кажала дека ќе оди кај некои пријатели, но наместо тоа, таа украла пари и купила билет за Истанбул.




„Кога не се врати, сфатив дека таа никогаш е била кај пријателите и веднаш се јавив во полиција. Во нејзината соба пронајдов коверт од авионски билет за Истанбул и тоа под душекот. Бев шокирана, мојата ќерка никогаш порано не крадеше и не лажеше. Разочарана сум од фактот што таа очигледно целосно има испран мозок и некој ја убедил да ја напушти земјата и да го сокрие тоа од мене“, раскажала мајката за германските медиуми.

No comments

Powered by Blogger.