Куќа ли е, авион ли е? Ова е дефинитивно најлудата вила на светот

Пишува: Точка

Обликот кој најмногу ја симболизира љубовта не е срце, туку авион, барем ако ја прашувате Лиза Џамал. Оваа Нигеријка го замолила сопругот да и и изгради куќа во облик на авион, затоа што многу сакала да патува. А авионите и се омилен начин на патување.

За волја на вистината, на нејзиниот сопруг Саид му требале две децении да започне со изградбата. Почнал во 2002. година, но работата напредувала многу бавно, затоа што тој инсистирал рачно да ја изгради, иако и самиот имал полн распоред, односно често бил на службен пат.

"Тоа не е моја куќа. Не ми се брза", рекол за Washington Post.

Тогаш открил дека почнал со изградба на 30-тина метри долг авион за да ја убеди сопругата да останува повеќе дома, но таа со насмевка му кажала дека веќе го планира следното патување.

На некои не им се допаднало што на тоа место има нова вила, посебно кога ќе се види колку се мали куќите во градот Абуџа, но затоа има и многу задоволни што конечно некој донел малку екстреванција во тој град.



Абуџа, имено, била основана во 1976. година како нов главен град на комплексната нација, која често се наоѓала пред распад по етнички или верски градници. Од 1991. година, Абуџа и официјално станала главен град.

No comments

Powered by Blogger.