Сите погледи вперени во нејзините нозе: Првата дама на Франција се поздрави со Ријана, но фокусот не бил на Рири

Пишува: Точка

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, вчера се сретна со пејачката Ријана во рамките на кампањата за правото на образование.

Средбата на двете дами била организирана во Елисејската палата во Париз. На медиумите сепак не им била најинтересна темата на средбата туку нешто друго...

Откако биле објавени фотографиите, сите го коментирале изгледот на г-ѓа Макрон. Поточно - нејзините нозе.



Првата дама на Франција, иако има 64 години, на неа фармерките ѝ стојат многу подобро отколку на поголемиот број многу помлади жени и девојки од неа.

Таа успеала и покрај фармерките да остави елегантен впечаток, дополнувајќи ги со елегантна бела јакна на копчиња.



Корисниците на социјалните мрежи позитивно реагирале на модната комбинација на Брижит - и општо нејзиниот стил - додека за Ријана не би можеле да го кажеме истото.. за жал.



Ријана за оваа прилика одбрала екстра-широка облека во темни бои. Доколку побарате на Твитер, ќе наидете на коментари од типот "можела едноставно да дојде и во пижами" ...







No comments

Powered by Blogger.