Трамп понижен: Сопругата на јапонскиот премиер се правела дека не знае англиски само за да не мора да зборува со него

Пишува: Точка

Доналд Трамп учествувал на самитот во Хамбург, а бил сместен покрај сопругата на јапонскиот премиер. Таа со него не сакала да проговори ни збор, а мислел дека тоа е така бидејќи не знаела англиски. Се воспоставило дека тоа не било причина за нејзиното молчење.

Додека седеле на масата, меѓу Трамп и 55-годишната Акие Абе владеела тишина. Трамп во средата за New York Post рекол дека јапонскиот премиер Шинзо Абе е супер човек, а неговата сопруга добра и драга, но дека не зборува англиски јазик.



Интернетот побрзал да го демантира, па на социјалните мрежи почнале да се појавуваат снимки кои ја покажуваат Акие Абе како зборува англиски. Иако не баш одлично, таа е запознаена со јазикот доволно за кратко да позборува со Трамп. Некои американски медиуми наведуваат дека таа при посетата на САД во февруари разговарала со Меланија на англиски, без помош на преведувач, пренесува Bild.



Поради ова почнало да се шпекулира дека сопругата на јапонскиот премиер всушност не сакала да разговара со американскиот претседател, но и дека Трамп не ја сметал неа премногу интересна за разговор. Додека Трамп час и 45 минути минал седејќи во тишина покрај Абе, неговата сопруга седела со Владимир Путин и разговарала со него со помош на преведувач. Трамп им се приклучил нешто подоцна.

No comments

Powered by Blogger.