Шокантни тврдења на американски консултант: Војската на САД може да го убие Ким кога сака, еве зошто не го прави тоа

Пишува: Точка

Кога Северна Кореја на 4. јули ја тестирала својата прва интерконтинентална ракета, американските сили можеле "многу лесно да го убијат Ким и не го убија", рекол за "Business Insider" консултантот Роџер Бејкер.

Во текот на лансирањето, Ким наводно минал многу време околу платформата на која пушел цигари повеќе од еден час, давајќи и можност на војската на САД да пука.



Американската војска генерално знае кога Северна Кореја ќе изведе ракетни тестови, но е "невообичаено" САД да дозволат да протече информација дека Ким можел да биде елиминиран, а дека не бил, рекол Бејкер.



Консултантот верува дека е можно Вашингтон да дозволил информацијата да протече во јавност, за да покаже дека не сака да го убие лидерот на Северна Кореја, во надеж дека тоа ќе биде причина повеќе да ја убеди Северна Кореја да го забави темпото за развој на нуклеарната програма.



Но, инфoрмациите би можеле да делуваат на два начина: ова исто така покажува дека и Ким е ранлив.



Ким досега патувал исклучиво навечер и употребувал автомобили на свои работници за да ги збуни можните атентатори.

No comments

Powered by Blogger.