Германија се распаѓа: Баварците бараат независност

Пишува: Точка

Третина од жителите на Баварија, една од најбогатите и најнаселените сојузни држави во Германија, бара итна независност од Берлин, покажуваат најновите истражувања на јавното мислење.

Истражувањата покажуваат дека 32 проценти од населението од некогашното кралство се за независност, додека 40 проценти бараат поголем степен на слобода од Берлин.




Вкупно 32 проценти од испитаниците се согласуваат со изјавата дека нивната држава би требало да биде независна од Германија, покажало истражувањето чии резултатите биле објавени во Bild.


Сепаратистичкото движење во Баварија, некогашно самостојно кралство, е најсилно од сите германски сојузни држави. Истражувањето било направено пред парламентарните избори кои се закажани за 24. септември.




Радио Баварија пренесува дека 18 проценти од испитаниците се изјасниле дека ја поддржуваат независноста на Баварија, доедка 14 проценти изјавиле "дека би се согласиле" нивната држава да се одвои од Берлин.
Тоа што може да ја загрижи владата на премиерката Ангела Меркел е тоа дека дури 40 проценти од Баварците сакаат нивната држава да има повисок степен на слобода од федералната власт. Сепаратизмот во Баварија во последните години е во пораст.
Колку за споредба, во 2011. година дури 25 проценти од Баварците сметале дека отцепување од Берлин би било добра идеја. И покрај тоа, мали се шансите Баварија да се одвои, бидејќи германскиот Устав не им дозволува независност на сојузните држави.
Франц, војводата од Баварија, правнук на последниот баварски владетел, кралот Лудвиг Трети, е уште жив и има 84 години. Тој е на чело на кралската куќа Вителсбах, која со векови владеела со Баварија. Франц е роден во Минхен, а на 11-години бил уапсен и бил во нацистичките логори. Неговата мајка била бароницата Марија Драшковиќ Тракошчански, по потекло од Хрватска.

No comments

Powered by Blogger.