Ова е хостесата поради која почнала тепачката во која животот го загуби Американецот на Закинтос

Пишува: Точка

Девојката ни крива ни должна е вмешана во страшното убиство на Закинтос. Само се нашла на погрешно место во погрешно време.

Причината за расправијата која довела до бруталното убиство на 22-годишниот Американец Бакари Хендерсон на Закинтос е 26-годишната Даница. Клучот на мистеријата кои се вистинските убијци на несреќниот Американец би можело да биде нејзиното сведочење.

Даница во своето прво сведоштво не открила многу за самиот настан, велејќи дека не се сеќава точно кој се учествувал во тепачката, пренесува грчкиот портал Dete.gr.



Меѓутоа, во следниот исказ, рекла дека до расправијата дошло поради тоа што еден од Србите ја нападнал бидејќи се наоѓа во друштво на Американци, пишува Telegraf.rs.

Еднo од момчињата од Србија го удрил Бакари, по што овој му скршил шише од глава.

"Заминав со тројца Американци. По пет минути се вратив и видов како на улицата лежи Бакари, без свет и со крв на очи. Еден од Американците беше покрај него и се обиде да му помогне", рекла оваа девојка.



"Сакам да додадам дека не забележав кој од персоналот се вмеша во тепачката и дали удрија некој", рекла таа.

Додала и дека ги гледа прв пат и дека ако ги види повторно нема да ги препознае, бидејќи била пијана и се се случило многу брзо.

No comments

Powered by Blogger.