Морничаво предупредување од Стивен Хокинг: Доколку вонземјани ве контактираат, не одговарајте!

Пишува: Точка

Популарниот научник Стивен Хокинг предупредува дека евентуалната комуниција со вонземјани нема да биде добра по цивилизацијата.

Астрофизичарот смета дека интелигентните вонземјани би можеле да бидат непријателски настроени кон луѓето и дури дека можеби сакаат да колонизираат планети со богати ресурси, како што е Земјата.

Тој во новиот документарен филм Stephen Hawking's Favorite Places ја коментираше егзопланетата Жил 832, на која можеби има живот.



"Еден ден ќе добиеме сигнал од планета како оваа, но би требало добро да се размисли дали воопшто да одговориме на сигналот. Сребата со некои напредни цивилизации би можела да испадне како средбата на Колумбо со староседелците од Америка. Тоа не заврши добро" - вели Хокинг.

Треба да се има предвид дека Земјата е прилично бучна планета, која емитува радио и ТВ сигнали во вселената веќе со децении. Некои астрономи веруваат дека екстериторијална цивилизација која е доволно напредна за брзо патување низ вселената, до сега веќе најверојатно не забележала.

No comments

Powered by Blogger.