Ова е ветената земја за имигрантите: Мигрантите најмногу сакаат да одат таму, Македонија не е ни на листата

Пишува: Точка

Најдобра земја во светот за имигрантите е Шведска, Германија е на петто место, САД на седмо, покажало новото истражување "Најдобри земји за мигранти".

Шведска, Норвешка, Финска и Данска држат четири од првите десет места на листата најдобри земји за имигранти, најмногу поради поволната перцепција на нивните економии и посветеноста во еднаквоста на приходите.

Во групата од 10 најдобри земји за имигранти се и Канада, Швајцарија, Австрија, Германија, САД и Холандија.

На листата со 80 држави, од земјите во регионот, Србија е на 68. место, Хрватска на 48., Бугарија на 40., Романија на 34., Словенија на 29., додека Македонија не е на листата, стои во извештајот на компанијата "US News & World Report".

Најмалку привлечни држави за мигрантите, барем оние од листата, се Кенија, Гватемала и Тунис.

Бројот на мигранти во светот Светската банка го проценува на речиси 250 милиони, или по тројца на секои 100 жители.


Мигрантите на своите семејства во татковината во 2015. година им пратиле 582 милијарди долари.






Пратките од роднините мигранти значат живот за многу семејства, а колкава е нивната моќ, најдобро покажува податокот дека претставуваат речиси 20 проценти од националната економија на Јамајка и Салвадор, и 10 проценти од економијата на Филипини и Гватемала.

Економското влијание на имиграцијата е значајно и за земјите домаќини. Неодамнешното истражување на американската Академија на наука, инжинерство и медиција за трошоците и користа од имиграцијата, покажало дека имиграцијата има силно и позитивно влијание на долгорочниот економски раст во САД.




Новите меѓународни истражувања на јавното мислење покажуваат дека речиси 60 проценти од анкетираните ширум светот сметаат дека нивната земја треба да биде повеќе отворена за имиграција. Истовремено, повеќе од 40 проценти се согласуваат дека имиграцијата е најважно прашање кое светот треба да го реши.

Шведска ги привлекува работниците и нивните семејства со репутацијата на земја со висок стандард на живот, брз раст во областа на започнување на бизнис, родна рамноправност и статусот на една од најдобрите држави за растење на деца и започнување на семеен живот.




Сепак, пишува порталот TheLocal.se, некои набљудувачи укажуваат дека строгите шведски прописи околу имиграцијата неповолно делуваат на странците и шведските граѓани кои сакаат да ги донесат семејствата во Шведска. Тука е и долгото чекање на дозволата за престој, како и недостигот на станбен простор, посебно во големите градови. Дозволите за работа во Шведска исто така се на мета на критика, откако во минатите години имало многу случаи на депортација поради минорни административни пропусти.

За да се избегнат таквите ситуации, владата ветила дека ќе го промени законот.




US News укажува и на промената на ставот кон странците во Шведска и на се почестата расправа во јавноста за "шведските вредности", како и на растечката поддршка на антимиграциската партија на Шведски демократи. Најмоќната европска економија е на петтото место на глобалната листа на земји поволно за мигранти. Германија обезбедува "бројни мерки за интеграција, како курсеви за јазик или признавање на квалификации".

Во 2015. година Германија имала највисоко ниво на имиграција откако се следат податоците. Пристигнале 2,14 милиони луѓе, вклучувајќи 890.000 баратели на азил, како и повеќе од 910.000 граѓани на ЕУ. Германија е привлечна пораид добрата економска ситуација и безбедната работа.

No comments

Powered by Blogger.