Неподносливи и разгалени: Познати личности со кои никој не сака да соработува

Работата со најголемите светски ѕвезди можеби изгледа како привилегија, но кога некои од нив имаат преголеми барања и се неподносливи за соработка, никој не сака да биде во нивна близина.



Следува листата на славни личности со најлоша репутација за соработка:

Крис Браун

Бившото момче на Ријана прави скандали каде и да се појави. Познат е по неговите чести изливи на бес на сред емисија или снимање на некој спот. Дел од неговите поранешни асистенти имаат поднесено тужба против него поради тоа што ги малтретирал физички и психички.

На снимањето на спотот „Grass Ain’t Greener“ му се заканил на камерманот, па го снемало два часа, и на крај го нашле во тоалетот.


Канје Вест

Според многумина, раперот Канје Вест е една од најтешките ѕвезди за соработка. Познат е по тоа што е перфекционист и сака сé да биде по негово. Дизајнерот Жан Туиту кој соработувал со Канје на нивната заедничка модна колекција изјавил дека на раперот му требале две години за да се одлучи за колекцијата што се состоела од фармерки, блуза и маичка.

Канје често знае и да започне вербална расправија со други пејачи, меѓу кои Тејлор Свифт и Виз Калифа.


Џенифер Лопез

Познатата пејачка и актерка е позната по тоа што има многу долга листа на барања кога треба некаде да настапи и се однесува како вистинска „дива“. Пред да настапи на концерт во Индија, Џеј Ло побарала дополнителни 9 соби за пресоблекување во хотелот.

На снимањето на „Што да очекувате кога очекувате дете“, со останатите членови на актерката екипа комуницирала само преку нејзиниот асистент и често се расправала со режисерот.


Мараја Кери

Мараја со години гордо го носи епитетот „најголема дива“ во музичкиот свет. Но, тоа не се однесува само на нејзините вокални способности, туку и на разгаленото однесување. Во хотелите во кои престојуваа пред настап, Мараја бара во секоја соба да има 20 прочистувачи на воздух, инаку нема да настапи.

Често се случува и да не е подготвена навреме, па да доцни и по два часа на коцерт!


Џенифер Анистон

Тешко е да се поверува дека актерката Џенифер Анистон има проблеми на снимањата на филмовите и сериите. Но, на снимањето на „Life of Crime“, Џенифер инсистирала да јаде одвоено од другите, во нејзиниот луксузен џип. На снимање на друг филм, пак, Џенифер не сакала нејзиниот лик да го носи името кое било дадено во сценариото бидејќи наводно така се викала жената која ѝ го уништила бракот со Бред Пит. Знаете која, нели?


Меган Фокс

Секој маж би ја посакал згодната актерка во негово друштво. Но, поради нејзиниот неподнослив однос на снимањата, Меган скоро и да нема стабилна работа во Холивуд. На снимањето на „Трансформери“, ниту актерките, ниту екипата зад камерите не можеле да ја поднесат Меган.

Тројца членови на екипата поднеле и писмено барање за Меган да не продолжи со снимање на филмот.

nepodnoslivi-i-razgaleni-poznati-lichnosti-so-koi-nikoj-ne-saka-da-sorabotuva-06.jpg

No comments

Powered by Blogger.