Кога никој не смее да му рече ништо: Ким Јонг Ун запали цигара покрај ракета и течно гориво

Пишува: Точка

Северна Кореја неодамна го спроведе првото тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, а лидерот на оваа земја, Ким Јонг Ун, веднаш се пофали и порача дека тоа е голем успех.

На интернет се појави видео снимка на која што може да се види како севернокорејскиот лидер опуштен пуши цигара на неколку чекори од моторот на ракетата пред истата да биде лансирана.


Никој не го спречил севернокорејсиот лидер да запали цигара, иако се наоѓа премногу блиску до ракета со течно гориво кое што е опасно и може да биде нестабилно, дури и кога е под контрола.

Северна Кореја соопшти дека е успешно извршено тестирањето на ракетата во вторникот наутро и властите од Пјонгјанг гордо нагласија дека нивната најнова ракета е способна да носи тешка нуклеарна боева глава. Лансирањето кое што лично го надгледувал Ким Јонг Ун е опишано како „блескаво чудо“.
Експертите после бројни анализи наведоа дека ракетата може да долета до Аљаска, а можеби и подлабоко во територијата на Соединетите Американски Држави.
Како одговор на тоа, американските и јужнокорејските сили утрината, после лансирањето на ракетата, изведоа воени вежби на кои што симулираа ракетен напад на Северна Кореја.

No comments

Powered by Blogger.