Државата со многу прекрасни плажи и многу малку туристи: Саудиска Арабија станува полиберална кон посетителите

Пишува: Точка

Во резортите во Саудиска Арабија ќе важат “закони во согласност со меѓународните стандарди”, што значи дека на посетителите и туристите нема да се однесуваат строгите правила коишто пак се однесуваат главно на правилата за облекување и сегрегацијата на половите, а ќе може да се послужува и алкохол!

Една од најстрогите влади на светот, онаа на Саудиска Арабија, направила мал чекор нанапред кон трансформирањето на својата држава во посакувана туристичка дестинација. Всушност, властите одлучиле да отворат резорти покрај море, во коишто инаку не би се применувале строгите религиски закони на оваа држава, па со самото тоа можеби и некои луѓе од западот ќе посакаат да го минат својот годишен одмор токму на арапскиот песок.

Саудиска Арабија има навистина прекрасни плажи, но многу малку туристи може да се пофалат дека ги виделе и уживале на нив “ловејќи” ги сончевите зраци. Новите луксузни комплекси коишто се веќе во подготовка би требало да се протегаат на повеќе од острови, а на нив ќе важат многу полиберални закони и во пракса ќе функционираат како автономна заедница.



И иако се' уште не е јасно што се' ќе биде дозволено, а што не, јавен инвестициски фонд во државата дал објаснување во коешто се потенцира дека во резортите ќе важат “закони во согласност со меѓународните стандарди”. Тоа значи дека посетителите и туристите нема да мора да ги испочитуваат строгите правила што се однесува до облекувањето и сегрегацијата на половите, а ќе може и да си нарачаат дури и алкохол.



Понатаму, владата ветила дека проектот ќе биде еколошки одржлив, опфаќајќи ги заштитените корални гребени, заспаните вулкани и природниот резерват полн со ретки животински видови како што се арапските леопарди и волци. Древните рушевини Mada’in Saleha – првото светско културно и природно наследство на УНЕСКО во Саудиска Арабија – исто така ќе биде во непосредна близина, а ќе има можност и за нуркање, падобранство и планинарење.

Се верува дека зад овој проект стои принцот Мохамед бин Салман, којшто на овој начин се обидува да ги “омекне” тврдите религиски закони коишто владеат во државата, а воедно и да ја приближи Арабија до остатокот од светот.


Проектот би требало да започне да се реализира во 2019-та година, а финализирањето се очекува три години подоцна.

No comments

Powered by Blogger.