Кендрик Ламар и Ријана ја докажуваат својата 'Лојалност' во нов спот



За некои парови, зборовите не се доволни.

Ријана и Кендрик Ламар ја покажуваат својата верност меѓу себе на екстремни начини во новиот спот на Ламар, кој што излезе во петокот.

Тешко е да си лојален тип кога си опкружен со девојки кои што се облечени минимално. Тоа е сцената со која што започна видеото режисирано од Дејв Мејерс и "The Little Homies".

Продолжува со тепачка помеѓу Ламар и многу поголем тип (Ламар победува секако). Потоа Ламар прашува, "Ми веруваш?" откако тој ја остава Ријана да виси од облакодер.

Таа дефинтивно ја покажува својата лојалност.

Тогаш се оди во круг откако Ламар вози невнимателно се додека парот кој се смее не биде удрен од друго возило.

Се е добро, преживуваат. И Ламар, кој води во номинации за MTV VMA со осум номинации, може да си дозволи друг автомобил.

No comments

Powered by Blogger.