На плажата во Сен Тропе сите гледале само во неа

Пишува: Точка

Љубовната врска на Кортни Кардашијан и Јунес Бенџима станува се' посериозна. А таа пак станува се' позаносна...

Парот во моментов се наоѓа во Сен Тропе. А кога се пишува за нивната врска, некогаш во прв план испливува разликата во годините помеѓу нив (Кортни е цели 13 години постара од манекенот), некогаш пак водечкото место го добива неговата атрактивност, а овој пат во прв план е токму таа.



Кортни изгледа просто совршено. Познато е и дека од сите сестри Кардашијан, Ким и Клои, но и помладите сестри Џенер, Кајли и Кендал, таа имала најмалку пластични операции.

Но пред само неколку години Кортни беше најповлечена во познатото ТВ реално шоу. Таа го промени својот имиџ буквално преку ноќ и токму благодарение на промените во нејзиниот изглед, но и нејзиниот добар стил, таа го доби токму она место коешто и го заслужува.



Оваа мајка на три деца е очигледно многу горда на своето тело, па без никаков проблем го покажува во вакви жешки изданија.

А врската со манекенот и тоа како и' годи, па и не се вели без причина дека кога една жена е навистина заљубена, тогаш таа и навистина изгледа најубаво.









No comments

Powered by Blogger.