Крвави избори во Венецуела: Ликвидиран е водечкиот кандидат, земјата е на раб на голема граѓанска војна

Пишува: Точка

Водечкиот кандидат на неделните парламентарни избори за Уставотворното собрание во Венецуела и главниот опозициски активист биле убиени во пресрет на почетокот на гласањето.

Хозе Феликс Пинеда, 39-годишен адвокат кој што е во трка на изборите во Венецуела, бил убиен во својот дом во саботата навечер по локално време. Исто така, Рикардо Кампос, млад секретар на опозициската Партија за демократска акција бил убиен за време на протестите.

До убиствата дошло во пресрет на гласањето за Уставотворното собрание, тело кое што сака да го формира претседателот Николас Мадуро, а критичарите тврдат дека претставува еден од главните чекори кон апсолутно воспоставување на диктатура.



Опозицијата го бојкотира гласањето затоа што смета дека станува збор за измама со која што би му се овозможило на Мадуро, чиј што мандат би требало да заврши во 2019-та година, да се одржи на власт, да го заобиколи парламентот и претседателските избори кон крајот на 2018-та година.

Владата пак тврди дека изборот на Уставотворното собрание е единствениот начин за повторно да се воспостави мир во државата која што иако е богата со нафта, во последниве години ја тресе голема политичка и економска криза.

Поради стравување од протести и напади на гласачките места, војската на Венецуела распоредила дури 232 илјади војници ширум државата.



На референдумот кој што на почетокот на месецот го организираше опозицијата, 98,4 проценти од гласачите го одбија планот на претседателот Николас Мадуро за формирање на Уставотворно собрание. На референдумот одзивот бил 7,1 милион гласачи, односно околу една третина од гласачкото тело.

Земјата „потона“ во големи протести и нереди од април и тогаш во големите насилства и судирите на демонстрантите и полицијата загинаа 113 лица. Венецуела се соочува со една од најголемите стапки на инфлација во целиот свет. Жителите се погодени со хроничен недостаток на храна и лекови после избивањето на големата економска криза во 2014-та година поради падот на цената на нафтата.

No comments

Powered by Blogger.