Жртвите на пожарот во Далмација на кои никој не стигна да им помогне: Изгореле живи на синџири и во кафези

Пишува: Точка

Во катастрофата која ја погоди околината на Сплит најважно беше да се спасат човечки животи, а во кошмарот кој настана поради застарената опрема на хрватските пожарникари и задоцнетата реакција пожарот доби огромни размери - и за време на целата збрка, многумина не се сетија на оние кои не можат сами да се спасат - особено ако се врзани на синџири или затворени во кафез - животните.

Всушност, во опожарените села и на полињата луѓето чувале ловечки кучиња, домашни кучиња и други животни врзани на ланец или во кафези, кои откако избувнале пожарите останале препуштени сами на себе, но и оневозможени да си помогнат.



Група на луѓе од Сплит сепак се сетиле на нив па се организирале за да им помогнат.

"полицијата и пожарникарите не ни дозволуваат да одиме на местата погодени од пожарите, па тоа што можеме д аго направиме сега за сега е да ги посетиме границите околу пожарите и да направиме сѐ што може да се направи за овие животни", напишала Блаженка и ги поканила сите да им се придружат во обиколката на подрачјата Солин, Жрновнице и Строжанац, но и оние кои можат да понудат привремено сместување за пронајдените живи кучиња.



"На акцијата која ја отпочнавме вчера одговорија навистина голем број на волонтери, пожарот нажалост е несреќа која зима голем број животи па многубројни дојави упатуваат на тоа дека животните во ловечки боксови и оние заврзани на ланец изгореле живи.. на нив не успеавме да им помогнеме... Но она што го правиме е привлекуваме внимание токму на оваа проблематика на неадекватно чување на животните во кафези кои притоа се изложени на ужасна болка и страдање. Да се чува билокакво животно 24 часа, постојано врзано на ланец во 21-ви век е недопустливо и за секоја осуда и треба да подлежи на законски санкции. Апелираме ваквите случаи да се пријавуваат во полиција и ветеринарна инспекција", изјавила организаторката на акцијата, Блажена Бенкус.



Таа додала дека во вчерашната акција наишле на голем број врзани и затворени кучиња и дека денес повторно ќе се вратат на овие места за да им помогнат на несреќните животни, па и привремено или трајно ќе им ги одземат на сопствениците.











No comments

Powered by Blogger.