Жена се појавила во болница со цел да оперира катаракта: Лекарот се фрапирал кога го видел нејзиното десно око

Пишува: Точка

Потребна е голема претпазливост при користење на контактни леќи ...

Лекарите во десното око на Британката која дошла на преглед за операција на катаракта откриле неверојатни 17 залепени контактни леќи.

Во извештајот објавен вчера, лекарите навеле дека жената (67) носела месечни контактни леќи веќе 35 години. Таа има "длабоко вдабнати очи" и слаб вид во ова око што, според нивното мислење, можеби ѝ претставувало потешкотии да ги отстрани леќите.




Во извештајот се наведува дека слузта од окото ги залепила сите леќи една за друга. Хирурзите со помош на микроскоп откриле уште десет! Практикантот на офтамологија, Рупал Морџари, изјавил дека "големата тежина" врз окото предизвикала многу иритации.

Тој додал дека пациентката симптомите им ги препишувала на возраста и на сувоста на нејзиното око.

No comments

Powered by Blogger.