Студент ја пробил заштитата на најголемите американски државници: Го нашол бројот на мобилен на американскиот министер за одбрана и го натерал да проговори, еве и како!

Пишува: Точка

Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, ги избегнува новинарите и не сака да дава изјави, но одвоил 45 минути да му одговара на прашања на средношколецот Теди Фишер за средношколскиот весник "Mercer Island". Сето тоа се случило на толку неверојатен начин, што дури е и неверојатно.

И не само тоа: докажал дека средношколец може да ја пробие заштитата до главните службеници и да дојде до нив.


Фишер на 11. мај Washington Post видел фотографија на која Кит Шилер, шефот на обезбедувањето на САД, Доналд Трамп, носи документи на кои има жолта самолеплива лента. Момчето ја зголемило фотографијата и убаво од истата го прочитало името и телефонскиот број на министерот за одбрана Џејмс Матис.




"Целиот случај е едно чудо по друго", рекол Фишер за King5.com. "Се јавив на бројот од љубопитност, да видам дали е стварно тој, и го слушнав неговиот глас", вели тинејџерот, кој сака да стане новинар.



Не му оставил гласовна порака, но му пратил СМС со молба да му даде интервју за американската надворешна политика.



"Можете ли да ми дадете интервју? Меѓу другото, бројот од вашиот мобилен телефон протече во јавноста, ви посакувам убав ден", му напишал.



Матис прифатил. Резултатот бил големо интервју од 5.000 зборови во кое Матис одговорил на низа прашања за теми од надворешната политика, националната политика, па и совет за средношколците: "Учете историја и вклучете се".


No comments

Powered by Blogger.