Еве ја причината поради која ИСИС не фрли нуклеарна бомба во Европа или Америка

Пишува: Точка

Исламистите сакаат да ги уништат "неверниците" и целата западна цивилизација, а за ова би можеле да искористат нуклеарно оружје. Исламската држава има пристап до радиоактивни материјали и можноста да направи "валкана бомба" па се поставува прашањето зошто се уште го немаат направено тоа?

Грејам Вуд, кој во 2005-та година работеше за авиопревозник на карго во Мосул, во текстот за "Атлантик" наведува дека лично тој доставил масивен дрвен сандак со опрема за радиологија во болницата при Универзитетот во Мосул - со помош на специјален авион Антонов 12. ИСИС ја контролирале оваа област и болницата цели три години, а според извештајот во "Washington Post" тие го доставиле најопасниот радиоактивен материјал кобалт 60 - недопрен.

Кога се употребува за терапевтски цели, кобалт 60 лечи тумори, но тој исто така се користи за создавање на т.н. "валкани бомби". Меѓутоа, не е забележано дека исламистите од ИСИС некогаш воопшто употребиле ваков тип на бомба. "Washington Post" сугерираат дека исламистите се воздржале од изработка на оружја од кобалт 60 бидејќи или не се свесни што поседуваат или се сомневаат дека можат да направат бомба од него, а притоа да не се разнесат самите.



Како што пишува Вуд, имаме многу причини да веруваме дека ИСИС, ако можат да направат "валкана бомба" тие тоа сигурно и би го направиле.

Саудискиот џихадист Насир бин Хамад ал Фад во 2003-та година го објави "религиозното правило" кое го оправдува користењето на нуклеарно и радиолошко оружје против "неверниците". Фад пред две години се заколна на верност кон ИСИС и преку својата затворска ќелија во Саудиска Арабија. Сепак, тој смета дека исламистите постапиле мудро бидејќи не го допираат кобалтот. За изработка на радиолошко оружје потребно е големо знаење и искуство. Три минути во соба и невнимателност со кобалт 60 би ве убило. Доколку се обидувате да направите нервен гас - најверојатно вие ќе бидете неговата прва жртва.



За да исламистите ја совладаат изработката на вакви бомби тие би требало да поминат месеци и месеци во лабораторија во безбедносна опрема. За сега се чини дека овие исламисти во терористичките напади успешно користат автомобили-бомби, ножеви и друг вид на оружје до што е полесно да се стигне. Најкреативните терористички планови не се секогаш и најефикасни, за ова Исламската држава е свесна и кон ова се има прилагодено. Никој не може да го контролира пристапот до ножеви и слично оружје.



Нуклеарниот радиолошки материјал многу полесно се контролираат. Доколку некоја влада забележи дека ИСИС имаат пристап до таков материјал сигурно ќе направи се во своја моќ за да биде сигурна дека тие никогаш нема да го употребат. Дали ИСИС ќе фрли нуклеарна бомба на Запад или ќе направи некој град ненаселен со помош на "валкана бомба"? Да, доколку можат тие и ќе го направат тоа. Сега за сега ова се чини дека не рационално дури и за нив па не се ни обиделе.

No comments

Powered by Blogger.