Откритието на „Вашингтон Пост“ ја шокираше Америка: Ким има специјални нуклеарни боеви глави...

Пишува: Точка

Севернокорејските инжинери успеале да развијат нуклеарна боева глава која што има доволна големина за да биде поставена на нивните веќе оперативни балистички ракети.

Тие минијатурни верзии на боеви глави можат да бидат поставени на балистичките ракети, а со тоа Северна Кореја го мина клучниот праг на патот кон статусот на нуклеарна сила, пренесува „Вашингтон Пост“.

Споменатиот американски медиум цитираше делови од анализата која што била направена од американската одбрамбено-разузнавачка агенција "DIA" според која, оваа разузнавачка агенција верува дека Северна Кореја поседува нуклеарни боеви глави кои што можат да бидат поставени на нивните ракети, секако, вклучувајќи ги и оние со интерконтинентален домет.

Од американски Пентагон засега не ги коментираа овие информации на „Вашингтон Пост“ и разузнавачката агенција "DIA".



Засега не е познато дали Северна Кореја успешно ги има тестирано нуклеарните боеви глави со мали пропорции, иако Пјонгјанг тврдеше минатата година дека тестирањата се веќе извршени.

Ваквиот напредок во развојот на нуклеарната програма би можел да значи дека севернокорејскиот режим е поблиску од било кога до развивање на нуклеарни проектили со кои што ќе може да погоди цели оддалечени на илјадници километри.



Американски високи функционери заклучиле минатиот месец дека Пјонгјанг ги надминал очекувањата по прашањето на изработката на интерконтиненталните балистички ракети способни да долетаат до копното на Соединетите Американски Држави.

„Вашингтон Пост“ пренесува дека Северна Кореја според некои други проценки, располага со 60 нуклеарни боеви глави, односно далеку повеќе од тоа што досега се веруваше. Во последните неколку месеци, Северна Кореја релативно успешно тестираше проектили со долг дострел кои што би можеле да долетаат до територијата на САД.

No comments

Powered by Blogger.