Цел град е бесен на овој пар: Ја купиле најлуксузната улица, па сега ги тероризираат граѓаните

Пишува: Точка

Брачниот пар од Сан Франциско, Тина Лам и Мајкл Ченг, купиле една од најексклузивните улици во тој град, Пресидио Терас, на аукција за 90.000 долари.

Неплатениот данок довел до тоа градот Сан Франциско да ги стави на продажба улиците, без знаење на своите жители.
 
Лам, инжинерка во Силиконската долина и Ченг, агент за недвижнии, ја купиле улицата, тротоарите и другото заедничко земјиште за 90.000 долари.

Жителите се бесни од потегот на градот и поради тоа што сопствениците сега сакаат да наплаќаат користење на 120 паркинг места, а никој нема да може да се движи без знаењето на приватното обезбедување кое ќе го изнајмат.
 
"Шокиран сум од сознанието дека ова се се случило и длабоко ме вознемирува фактот дека некој може на ваков начин да ја искористи ситуацијата и да ја купи нашата улица и тротоари", рекол еден сопственик на куќа на тоа место.

No comments

Powered by Blogger.