Обезбедувањето фатило млада мајка како краде пелени бидејќи нема пари да ги плати: Реакцијата на полицаецот ќе ве остави без зборови

Пишува: Точка

Една мајка купувала намирници при што не ѝ останале пари и за пелените за своето бебе. Обезбедувањето во Лаурел, во американската држава Мериленд, сфатило дека таа се обидува да украде 2 пакувања пелени вредни околу 15 долари.

Полицаецот Бенет Џонс кој дошол на лице место, наместо да ја уапси младата мајка одлучил тој да го покрие трошокот за нејзините пелени од својот новчаник, изјавува полицијата.


"Зошто полицајците одат на шопинг додека се на должност? Е едно од многуте прашања кои ги добиваме во текот на смената. Иако најчесто се шегуваме дека полицајците на пракса се уште носат пелени, офицер Џонс не ги купуваше овие за себе. Тој одговори на пријавата за кражба во една самопослуга и му било објаснето дека младата мајка, со својот новороден син била "фатена" од страна на безбедносните камери дека се обидува да украде два пакети пелени. Откако купила некои намирници за дома не ѝ останале доволно пари и за пелени. Офицер Џонс ја размислил ситуацијата и донел одлука тој самиот да плати за пелените на мајката од сопствен џеб за доброто на детето.



И покрај тоа што ова е само еден мал момент од нашата секојдневна работа, сакаме да искористиме еден миг да му се заблагодариме на офицер Џонс што интелигентно го спровел законот и истовремено покажал ематија кон невино дете кое се нашло во тешка ситуација."

No comments

Powered by Blogger.