Кога ќе го киднапираш омилениот музичар за да ти свири на роденденот: Малку познати факти за Ал Капоне

Пишува: Точка

Ал Капоне се смета за еден од најозлогласените и најпознати гангстери во историјата, а неговото има стигна и до Холивуд каде што за „неговата приказна“ досега се снимени бројни филмови и телевизиски серии.

Се проценува дека „во екот на неговата кариера“, Ал Капоне заработувал и по 40 милиони долари годишно, но малкумина знаат дека пред крајот на „кариерата“ тој останал без пари. Тој успевал да го прехрани своето семејство од парите кои што му ги обезбедувала бандата, но повеќе не можел да ужива во никаков луксуз.

Додека бил во затворот Алкатраз, тој се обидел да научи да свири бенџо. На затворениците им било дозволено да свират инструменти во оркестар, но наводно Ал Капоне бил толку лош, што бил изоставен од оркестарот.

За време на неговиот престој во Алкатраз, тој бил нападнат од затвореникот Џејмс Лукас со ножици за време на туширање, но успеал да се спаси и поминал само со неколку површински гребнатинки. Кога го прашале Лукас зошто го сторил тоа, тој на американските власти им одговорил дека Ал Капоне неколку пати му се заканил дека ќе го убие.



Иако владеел со подземјето на Чикаго, тој всушност израснал во Бруклин, Њујорк. Кога започнал да работи како келнер и обезбедување, тој набрзо потоа се преселил во Чикаго. Никој не знае зошто точно го напуштил Њујорк. Некои сметаат дека тој повредил некој важен човек во тепачка и побегнал, а некои велат дека мафијата од Чикаго го повикала за да го искористи неговиот потенцијал.

Малкумина знаат дека негов прекар бил „Снорки“ што значело дека е кул и паметен, но тој прекар го користеле само неговите најблиски луѓе. Познаниците го нарекувале „Големиот човек“.

Иако благодарение на книгата и филмот „Недопирливи“ сите мислат дека познатиот агент Елиот Нес е најзаслужен за неговото апсење, сепак тоа не е целосно така. Неговото најголемо богатство настанало благодарение на прохибицијата кога тој шверцувал алкохол, но сепак „паднал“ поради затајување на данок, а тоа не била „работа на Нес“.



Кога излегол од затвор во 1939-та година, тој наместо да оди дома - веднаш заминал во болница во Балтимор затоа што имал сифилис.

Капоне имал блиндиран Кадилак кој што го користел да се заштити од противничките мафии. Кога бил уапсен, автомобилот бил конфискуван од државата, а претседателот Франклин Рузвелт го користел како своја лична лимузина.

Фетс Волер бил најомилениот музичар на Ал Капоне. Тој наредил пејачот да биде киднапиран и потоа да му пее на неговиот роденден. Никој немал никаква трага за Волер, се додека тој не се појавил после неколку дена во алкохолизирана состојба и со неколку илјади долари во џебовите.

Можеби една од најпознатите работи поврзани со Капоне е тоа што тој секогаш испраќал цвеќе на погребите на неговите ривали. Наводно еднаш испратил цвеќе во вредност од околу 5 илјади долари.

No comments

Powered by Blogger.