Мода за туристи: Облечете се како луѓето во земјите во кои патувате

Кога патувате, веројатно не сакате од далеку да се познава дека сте турист. Но, модните трендови од ден на ден се менуваат, па понекогаш е тешко да одлучите што да облечете кога престојувате на различни дестинации.



За успешно да избегнете модна незгода, дознајте како се облекува локалното население во неколку земји и украдете некоја идеја:

Амстердам, Холандија

Во Амстердам се носат удобни парчиња, како на пример патики во јаки бои, еднобојна маичка и спортско сако. Во зима одберете рамни чевли.


Берлин, Германија

Берлин е во знакот на опуштената облека, па најдобар избор се кратки пантaлони и ниски чевли во беж, бели или кафеави нијанси. Во зима, жителите на Берлин најчесто носат интересни џемпери, капа, шал и ракавици.


Фиренца, Италија

Во Фиренца се комбинираат различни структури и необични кроеви. Одберете лежерна облека во комбинација со мокасини или еспадрили. Избегнувајте апостолки и маички со натпис.


Лондон, Велика Британија

Стилот во Лондон е шик, но без преголем труд да се изгледа убаво. Одберете фустани во јаки бои, или црни комбинации.


Париз, Франција

Кога ќе тргнете во Париз, оставете ги дома патиките и тренерките. Ако сакате да се претопите со Парижаните, облечете тесни фармерки или лежерен фустан.


Миконос, Грција

За дневните излегувања вообичаени се ленени панталони и кошули, а за навечер одберете темни нијанси на миди-сукњи за жени и панталони за мажи.


Мадрид, Шпанија

Патиките се вообичаен избор и за жените, и за мажите во Мадрид. Летно време одберете фустани и сандали, а во зима – тесни фармерки и големи џемпери.

No comments

Powered by Blogger.