Човек од чиста мира бутнал жена под автобус, но тоа не е најстрашното...

Пишува: Точка

Британската полиција објави видео на кое се прикажува како еден човек, џогирајќи, без да биде билокако испровоциран бутка жена под автобус.

Жената го преминувала мостот кој води кон околната станица на лондонското метро додека се разминува со човек кој џогира. Во еден момент, тој со рацете ја одбутнува толку насилно што таа паѓа на улица токму во истиот миг кога на неа поминува автобус, чиј шофер некако успева да запре и да ја заобиколи.

За среќа, автобусот ја избегнал за влакно па така таа поминала со полесни повреди. Она што го нема на видеото е дека по 15 минути, додека се уште се опоравувала, истиот човек кој џогирал и кој ја бутнал под автобусот се вратил и воопшто не ја ни погледнал, како ништо да не се случило.

Инспекторот Мет Ноулс изјавил дека само брзата реакција на возачот успеала да ѝ го спаси животот на оваа жена.

Снимката од надзорните камери е објавена за доколку било кој го препознае и има некакви информации за човекот кој ја бутнал жената под автобус да се јави во полиција за да му биде судено.

No comments

Powered by Blogger.