Кит катапултирал туристи: Морскиот џин се удрил во брод, патниците дел онесвестени, дел со скршеници

Пишува: Точка

Еден од патниците е во несвест, а тројца се здобиле со скршеници кога кит удрил во изнајмен рибарски брод северно од Австралија, изјави денес капетанот на бродот.

Бродот долг девет метри и натоварен со осум патници се враќал во пристаништето кога грбав кит се удрил во него и го дигнал во воздух.

"Во дел од секунда сите се најдовме на подот, бродот полета во воздух и не собори сите на земја. Никој не знаеше што се случува", раскажал капетанот Оливер Галеа (44) за инцидентот.



Екипажот на бродот се погрижил за повредените, а хеликоптер го придружувал бродот до брегот по што повредените биле хоспитализирани.





"Постојано гледаме китови, но до сега ништо слично не ни се случило", изјавил капетанот додавајќи дека некои од патниците го забележале грбавиот кит по инцидентот.

Најверојатно и животното било повредено по ударот.





Галеа додал дека сите патници биле "одлично расположени" за време на нивното викенд пловење, јадејќи го уловот од претходниот ден. "Најважно е дека сите живи се вративме дома, а некои од нас можат да се пофалат со лузни од битката", кажал на шала.

Грбавите китови секоја година мигрираат од Антарктикот до топлите води околу Австралија за да се парат и да донесат младенчиња на свет. Тие можат да пораснат и до 16 метри.

No comments

Powered by Blogger.