Путин наредил распоредување на единици на југот на Русија: Еве зошто Русите таму ги зајакнуваат своите воени капацитети

Пишува: Точка

Руските власти тврдат дека се принудени да ги зголемат борбените капацитети во Јужниот воен округ, затоа што постојат закани по националната безбедност на државата.

„Во овие околности, Русија е принудена да преземе симетрични мерки за неутрализирање на настанатите закани по националната безбедност, да спроведува активности за стратешко неутрализирање и да ги зголемува борбените капацитети на Јужниот воен округ“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Според неговите зборови, од април во Романија биле трајно разместени 16 авиони на тактичкото воено воздухопловство на Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Според него, од почетокот на оваа година, Американците извеле повеќе од 130 извиднички летови во близина на јужните граници на Русија. Покрај тоа, пред неколку дена на западниот брег на Црното море беа завршени големите воени вежби на НАТО Алијансата во кои што учествувале над 25 илјади војници од 22 земји.



Поради тоа, Шојгу тврди дека сите организирани активности на руската армија, се синхронизирани со снабдување на современо оружје и воена технологија.

„За последните шест месеци, руските сили од Јужниот воен округ имаат добиено повеќе од 600 единици вооружување и воена технологија. Константно се подобрува борбената обука на војниците и се подготвуваат воените органи“, изјави Шојгу и додаде: „На тој начин, може да се каже дека има една позитивна динамика во организацијата и изведувањето на борбените обуки“.

Според неговите зборови, неколку странски земји го зголемиле военото присуство во близина на руските граници, пред се затоа што сметале дека акциите на Русија на Блискиот исток и Кавказот претставувале закана.



„Нашите активни дејствија за стабилизирање на ситуацијата на Блискиот исток и поддржувањето на мирот на југот на Кавказот, некои земји го гледаат како закана по нивните национални и коалициски интереси. Во настојувањето да го блокираат учеството на Русија во решавањето на глобалните и регионалните промени, низа на држави не престануваат со обидите да употребат воена сила за постигнување на своите геополитички цели и зголемување на военото присуство во близина на руските граници“, изјави Шојгу.

Покрај тоа, рускиот министер за одбрана, откри дека биле формирани четири баталјони на воена полиција чии што припадници моментално извршуваат задачи во безбедносните појаси и зоните за деескалација на територијата на Сирија.

No comments

Powered by Blogger.