Го изневерував, јас го охрабрив да се убие! Скандалозни пораки се појавиле на твитер профилот на сопругата на Честер Бенингтон еден час откако се самоубил

Пишува: Точка

На Твитер профилот на сопругата на Честер Бенингтон вчера се појавиле страшни пораки, до тој степен што сите одбиваат да веруваат дека таа ги напишала.

Фронтменот на познатиот состав "Linkin Park", Честер Бенингтон, вчера бил пронајден обесен во својот дом во Лос Анџелес, а според првите информации станува збор за самоубиство.



Честер, кој имал 41 година, зад себе оставил шест деца и сопругата Талинда Бенингтон, за која моментално зборува целиот свет, поради скандалозните пораки кои се појавиле на нејзиниот профил на Твитер. Пораките се толку страшни што светските медиуми се надеваат дека нејзиниот профил бил хакиран, посебно поради тоа што биле напишани еден час по неговата смрт.



Првиот твит се однесувал на начинот на кој Честер умрел. Талинда го напишала следното:

"Тој не се самоуби, беше мртов пред да се обеси, имам доказ".






Во наредниот твит, напишала дека го изневерувала својот сопруг со колегата од бендот "Linkin Park".

"Мислам дека е време да кажам дека го изневерував Честер со Мајк Шинода", напишала Талинда.






Во наредната порака пишува дека со него била само за пари.

"Никогаш не го сакав и не сум хакната. Бев заљубена во парите. Боли кога ќе се каже".






Потоа, твитовите биле избришани, но уследиле два нови.

"Мајк беше подобар по мое мислење", напишала Талинда.






И уште еден, последен во низата, гласел вака:

"Го охрабрив да се убие, му кажав дека на никого не му е грижа".






Да повториме, шокирани сме од содржината на овие пораки, кои потоа биле избришани, а светките медиуми и фановите на славниот Честер веруваат дека станува збор за хакирање на профилот, иако во еден твит се нагласува дека наводно не е хакнат.

Потсетуваме, Честер имал 41. година, а зад себе оставил бројни концерти, милиони луѓе кои го сакале и неповторливи хитови.

No comments

Powered by Blogger.