Насилник удира девојка со тупаница во глава но налетува на малку поголем и посилен "играч" од себе

Пишува: Точка

Корисниците на социјалните мрежи го опсипале со пофалби случајниот минувач на кој му се стемнува пред очи кога го гледа насилникот како ја удира девојката.

Непознат млад насилник, кој најверојатно нема многу во главата и самоконтролата му е помала и од онаа на животните, во вторникот изутрина во центарот на Калининград е снимен како излегува од такси возило и удира со тупаница млада девојка која ја преминува улицата - но за среќа кармата брзо го стигнала, па така за кратко време беше казнет за својата срамна реакција бидејќи на еден случаен минувач воопшто не му се допаднала глетката пред очи - па уште и напад врз понежниот пол без никаква потреба?

Човекот во белата маица на идентичен начин му појаснил на насилникот дека над секој има некој и дека тоа едноставно нема да му помине туку така, а поводот за целиот инцидент во кој се вклучиле повеќе лица бил преминувањето на патот.

Всушност, момчето кое го поминувало пешачкиот премин зебра застанува не знаејќи дали да продолжи бидејќи таксито е прилично залетано, а со тоа застанување го принудува и таксистот да застане пред пешачкиот, што кај патникот кој се возел во таксито предизвикува агресија, нагон да го напушти возилото и да започне да ја дели својата правда - како да нема ниту два грама мозок - па ги напаѓа со тупаници пешаците кои во тој момент го поминуваат пешачкиот без никаква потреба.

Но случаен минувач, (мажот во бела маица), веднаш му возвраќа подеднакво на воинствениот хулиган па во приказната се приклучува и таксистот.

Хулиганите го прскаат мажот во белата маица со солзавец по очите и пробуваат да го искористат тој момент, но за среќа и тој има пријател зад себе кој го заштитува од нападот.

И додека полицијата се уште се обидува да го утврди идентитетот на учесниците во инцидентот, како и околностите.. корисниците на социјалните мрежи кои го погледнаа видеото заклучиле дека двајцата пешаци го поминувале пешачкиот на црвено светло па потегот на едниот од нив да застане пред таксито е причично глупав, но сите се едногласни кога станува збор за дивјакот кој започнува да ги напаѓа агресивно и да ја удира девојката која е најмалку виновна, па го опсипале со пофалби минувачот кој во истиот момент скокнал во помош.

No comments

Powered by Blogger.