Нови страшни снимки од уништување на нуклеарка: Под вода снимена скаменета радиоактивна лава

Пишува: Точка

Специјалниот подводен робот снимил застрашувачки фотографии од нуклеарната електрана Фукушима.

На снимката се гледа стопено нуклеарно гориво во уништената јапонска нуклеарка.
Огромните количини на скаменетото гориво кое потсетува на лава, биле откриени под реакторот на централата која во 2011. година ја погодил разорен земјотрес и цунами, предизвикувајќи најголема нуклеарна катастрофа по Чернобил.
Делови од оштетени реактори и натаму се опасни, поради што во отстранување на радиоактивниот материјал се користат роботи.
"Скаменетите објекти се мешавина од истопен метал и гориво", рекол портпаролот на "TEPCO", кој управува со Фукушима.

No comments

Powered by Blogger.