Пеколно возење во Луна парк: Едно лице почина, седум се повредени за време на саемот во Охајо

Пишува: Точка

Гувернерот на Охајо, Џон Кашиќ, по кобната несреќа се огласил со соопштение, истакнувајќи дека наредил истрага за целиот случај.

Едно лице загина, три се борат за живот и уште три се тешко повредени по возењето на една од атракциите во Луна паркот на државниот саем во Охајо, пренесува Daily Mail.

Момче (18) починало откако паднало на земја за време на возењето и се претпоставува дека починало од силниот удар.

Во несреќата се повредени вкупно седум лица, а целиот инцидент се одиграл околу 19:30 часот по локално време. Светските медиуми пренесуваат дека најмладата личност помеѓу повредените има 13 години.



Атракцијата на која се возеле и на која се случил инцидентот е комбинација од движења и вртежи, нишајќи ги луѓето напред и назад низ воздухот во кругови. Во средата вечер беше отворен саемот, а манифестацијата требала да трае се до 6-ти август.

На Твитер профилот на оваа манифестација објавено е дека се случил инцидент и дека истрагата е во тек.

Гувернерот на Охајо, Џон Кашиќ, по кобната несреќа се огласил со соопштение, истакнувајќи дека наредил истрага за целиот случај.

"Ужасно ме погоди оваа несреќа, загубата на живот и повредите на луѓето кои дојдоа да уживаат на саемот. Нашите мисли и молитви се со семејствата на повредените. Наредив целиот инцидент да биде под истрага, а забавниот парк да се затвори додека не се извршат безбедносни проверки", изјавил.

Саемот во Охајо оваа година ја слави својата 164-годишнина.

Погледнете го видеото:

No comments

Powered by Blogger.