Сојузниците на САД брутално мачат заробеници: Страшна снимка го шокираше светот, Американците најавуваат истрага

Пишува: Точка


Агенцијата "Anadolia" објавила видео кое прикажува војници во униформи на Народната единица за заштита - "YPG", силите на Курдите во Сирија и американски сојузници, како удираат и газат двајца млади Арапи заробени кај Рака во Сирија.

Еден од заробените лежи на под дрвена столица, на која седи и скока војник на "YPG", газејќи му со нозете по грб. Потоа му ја крши столицата од глава. "Кажи ми каде се борците на ИСИС. Зборувај!", вели едниот војник, користејќи погрден акроним за ИСИС. "Се колнам дека не знам", одговара заробеникот. "И да ме убиеш, нема да ти кажам бидејќи не знам".

Двајцата заробеници биле облечени во традиционални џелабии, облека која ја носи населението во тој крај, а не облека каква што вообичаено носат милитантите на ИСИС. Другиот војник е прикажан како удира со нога по грбот на друг затвореник.

Двајцата војници имаат гранати, ножеви и пушки, зборуваат арапски со бедиунски акцент, што укажува на тоа дека се или регрутирани или се доброволци кои пристапиле во "YPG". Курдските власти во Сирија потврдиле дека инцидентот се случил, а меѓународната коалиција навела дека го истражува случајот.

Според турските медиуми, кои први го објавиле видеото, истото е снимено кон крајот на јуни во дистриктот Мансура, западно од Рака.

No comments

Powered by Blogger.