Ким ги отвори картите, светот остана без зборови: Објавени се првите фотографии од нуклеарното оружје на Северна Кореја

Пишува: Точка

После успешното лансирање на својата прва интерконтинентална балистичка ракета, Северна Кореја организираше низа на прослави во знак на одбележување и славење на работата на сите луѓе кои што биле вклучени во проектот.

Од поздравот на „хероите“ во главниот град Пјонгјанг, прославата кулминираше со голем концерт на кој што присуствуваше идерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Видеото од овој концерт кое што трае околу еден и пол час, ги прикажува пејачите и танчерките кои што настапуваат по повод одбележувањето на случувањето. На половина од концертот, се појавуваат и фотографии на кои што е прикажана ракетната програма н Северна Кореја, од кои што некои фотографии светот имаше прилика да ги види за прв пат.



Овие фотографии, вкупно 190, содржат сцени од првите години од развивањето на ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја, програми кои што биле под контрола на основачот на земјата Ким Ил Сунг, а објавени се и фотографии од последното тестирање на 4-ти јули.



Експертите, врз основа на објавените фотографии од режимот на Ким Јонг Ун, стравуваат дека тоа е хронолошки приказ на развојот на ракетната програма кој што течел прилично брзо и тоа не неколку различни локации на територијата на Северна Кореја. Исто така, се очекува програмата што повеќе да се развива и да има повеќе вакви фотографии во иднина.

No comments

Powered by Blogger.