После бурата "Медуза", во Грција пристигнува уште пострашно невреме - се очекува дури и снег!

Пишува: Точка

Највисоките врнежи се очекуваат од средината на оваа недела...

Откако бурата "Медуза" донесе поројни дождови и големи поплави во Грција, сега се наближува бурата "Харибда" со облаци кои ќе предизвикаат дополнително поголеми врнежи во многу делови на земјата.

Меѓутоа, тамошните власти само сакаат да ги предупредат граѓаните, но нагласуваат дека нема простор за паника, пишува грчкиот портал "Ola Deka".

Најголемите врнежи се очекуваат кон средината на оваа недела, а на приближувањето на "Харибда" предупреди и грчкиот метеоролог, Сакис Арнаоутоглоу на својот Фејсбук профил, каде што напоменува дека новиот бран на невреме ќе донесе тешки и поројни дождови, а најмногу ќе се почувствува на островите Спорада.

Според неговите проценки, на Олимп се очекува и снег, а ваквите врнежи ќе бидат од 50 па дури до 200 мм на метар квадратен.
Да се потсетиме, "Медуза" е временски феномен кој носи силен дожд, бура со громотевици и силни ветрови, а повремено град па дури и снег, пренесува greekreporter.com.

"Медуза" се појавува по серија на топлотни бранови, какви што имаше повеќе оваа година во Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми, поради обилните дождови кои паднаа во Солун, дошло до застој на сообраќајот на Халкидики и Лариса.


Невремето започнало во текот на ноќта, во 1:30 по полноќ во неделата, кога во Агринио 30 минути паѓал пороен дожд без да запре. Патиштата се претвориле во реки. Во одредени делови на земјата одлетале покриви на куќи, а ливадите и улиците останале потопени.

No comments

Powered by Blogger.