Страшна бура ја зафати Австрија: Ветер ги корнел дрвјата од корен предизвикувајќи колапс во сообраќајот, има повредени

Пишува: Точка

Полицијата, поради опасноста за камперите, морала да го евакуира целиот камп во кој кампувале 50 луѓе.

Силната бура која вчера зафати голем дел од Австрија, направи значителна штета и предизвика прекини во железничкиот и автомобилскиот сообраќај.

Во еден камп во местото Мелбрик, според полицијата, силниот ветер проследен со обилен дожд соборил повеќе камп-приколки, а три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени од скршени гранки и дрвја.

Полицијата, поради опасноста за камперите, морала да го евакуира целиот камп во кој кампувале 50 луѓе.
Во покраината Корушка се оштетени повеќе куќи, како и автомобили од дрвјата кои ги откорнал силниот ветер. Моќната бура со обилни дождови ја зафатила и провинцијата Долна Австрија, Штајерск, Салцбург, Триол и Бургенланд - како и Виена. Во Штајерск во местото Хинтервалд во Клајнсекл, ветрот откорнал дрвја од речиси десет хектари шума. Во Долна АВстрија пожарникарите во текот на цела ноќ имале полни раце работа бидејќи дрвја паѓале на улиците, далекуводите, куќите...
Ветрот носел сѐ пред себе на тероторијата на општина Баден, со брзина од 100 километри на час, па поројните дождови поплавиле многу сообраќајници. Во Бургенланд поради последиците од бурата повеќе патишта биле блокирани, а меѓу нив и автопатот Остаутобан (А4), кој води кон Унгарија и кој со часови бил затворен поради испопаѓаните дрвја врз автомобилите.

Возилата за чистење снег на надлежните власти ги отстранувале скршените бгранки и дрвја од патиштата се до раните утрински часови.

Поради лошите временски услови дошло до прекин и во железничкиот сообраќај, погодени биле шините во Бургенланд и Долна Австрија, па така, помеѓу Вулкапродерсдорф и Ајзенштат возовите привремено не можеле да сообраќаат. Исто така, железничкиот сообраќај бил прекинат и помеѓу Брук ан дер Лајт и Никелсдорф, гранично место со Унгарија.



И во Триол и Салцбург невремето довело до проблеми во сообраќајот па одредени патишта биле затворени поради одрон на земјиштето.

No comments

Powered by Blogger.