Необјаснива појава го шокираше светот: Овци извршиле масовно самоубиство, овчарот беспомошен

Пишува: Точка

Во турскиот град Мурадије, 80 овци извршиле масовно самоубиство скокајќи од карпите во бездна, соопштуваат турските медиуми.

Како што е наведено, прво една овца скокнала во бездната, а потоа уште 79 го сториле истото.

Овчарот кој ги чувал овците изјавил дека тој се обидел да ја спречи оваа трагедија, но, како што вели, закаснил.

"Ги одведов овците на пасење, меѓутоа една се оддели од стадото и дојде до карпите, по што едноставно скокна. Веднаш после неа истото го направија и сите останати овци. Се обидов да им го пресечам патот на дел од овците, но како што им се доближував тие скокаа", се пожалил.



Медиумите велат дека овчарот побарал помош и од локалните власти поради овој случај.

No comments

Powered by Blogger.