Муслиманка влегла да плива во базен во буркини, обезбедувањето ја исфрлило надвор и ја натерало да плати чистење

Пишува: Точка

Инцидентот се случил во близина на Марсеј. Културните разлики помеѓу луѓето од арапскиот и остатокот од светот се повеќе и повеќе се судираат.

Жена од муслиманска вероисповест, за време на својот одмор во област во близина на Марсеј влегла да плива во базен со буркини на себе, од управата на базенот веднаш реагирале, вадејќи ја жената од вода, празнејќи го базенот целосно, а потоа ѝ наплатиле и за неговото чистење.



Организацијата за борба против исламофобија, ЧИГ, објавила дека член на персоналот на турситичкиот објект ги замолил гостите да излезат од базенот поради жената која влегла да плива во него облечена во буркини.

Од управата на одморалиштето потоа го повикале нејзиниот сопруг и го замолиле до крајот на нивниот престој неговата сопруга, Фадила, да не го користи базенот.

Тие им доставиле и сметка од 440 фунти за чистење на базенот.



Фадила изјавила дека е "разочарана, шокирана и повредена од фактот дека некој може толку да полуди само поради едно буркини."

Инаку буркини е костим за капење кој го покрива целото тело и употребуван од жените од муслиманска вероисповест. Тој стана предмет на жестока дебата откако беше забранет да се носи на плажа, која следеше со терористички напади минатата година.

Францускиот суд ја отфрли забраната за буркини, но полицијата патролира по плажите со цел да ги протера муслиманките кои носат буркини или да им наплати казни.

No comments

Powered by Blogger.