Со или без Европа: Франција по наредба на Макрон ќе отвори центар за азиланти во Либија

Пишува: Точка

Макрон изјави дека останатите европски земји досега не покажале интерес за тоа, но Франција ќе го реализира планот „со или без Европа“.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ова лето во Либија ќе отвори центар за разгледување на барања за азил.

„Нашата идеја е да отвориме центри за разгледување на барања за азил. Тоа Франција ќе го стори во текот на ова лето, со или без Европа“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на еден бегалски центар во централна Франција.



Францускиот претседател исто така порача дека ќе испрати припадници на француската канцеларија за заштита на бегалци во италијанските центри, како и во Либија.

Емануел Макрон изјави дека другите европски земји засега не покажале никаков интерес за ваквиот чекор на Франција, но истовремено порача дека Франција ќе го стори тоа со или без Европа.



Елисејската палата соопшти дека е неопходно да се разгледаат барањата за азил пред мигрантите да пристигнат на територијата на Европа, затоа што нивниот пат често е исклучително опасен, посебно ако се определат за пловидба преку Средоземното море.

Францускиот претседател Емануел Макрон, меѓу другото изјави дека моментално во либијските бегалски кампови се наоѓаат од 800 илјади до еден милион бегалци и порача дека покрај планот за помошта на бегалците, целта на Франција е исто така да се стабилизира ситуацијата во Либија.

No comments

Powered by Blogger.