Со победата Вардар ја изненади цела Европа, но најизненадена излезе УЕФА

Пишува: Точка

Македонскиот шампион Вардар е најголемото изненадување во квалификациите на Лигата на шампионите оваа натпреварувачка сезона.

Можеби победата против Малме ја вчудоневиди Европа, но вчерашната победа против Копенхаген претставува квалификациска сензација зошто е против минатогодишен учесник во групната фаза од Лигата на шампионите. Тоа го виде и УЕФА и го напиша во целосниот извештај од првите натпревари од 3-тото квалификациско коло кои се одиграа вчера.

“Победа на гости на ЦСКА и Олимпијакос, Вардар повторно изненади”, – е насловот во извештајот.




Вардар” по изминати 14 години повторно е во ситуација за пласман во групната фаза од европските купови. Дури има поголема шанса од тогашната 2003-та година бидејќи тогаш противник беше Спарта Прага, а првиот натпревар се одигра на домашен терен и Вардар го загуби со 2-3. Сега ситуацијата е поразлична од тогаш и Вардар има предност од 1-0 и ако успее да ја сочува, ќе избори пласман во групната фаза на Лигата на шампиони.

No comments

Powered by Blogger.