Која држава од поранешна Југославија има најбавен интернет?

Пишува: Точка

Најновите тестови покажале дека најбрз интернет има Сингапур, во просек 55.13 Mbps, што е доволно за преземање на 7.5 GB HD филм за 18 минути и 34 секунди.

Најбрз интернет на светот има Сингапур, најбавен Јемен, додека Македонија е на 59-то место на листата којашто вкупно брои 189 држави, покажува ова ново истражување.



Интересно е дека сите држави од поранешна Југославија имаат побрз интернет од Црна Гора. Словенија е најдобро пласирана од земјите на поранешна Југославија и се наоѓа на 25-то место, а после неа следат Хрватска на 40-то, Србија на 41-то, Македонија на 59-то и Босна и Херцеговина на 61-то.

Албанија е единствена држава во нашето опкружување којашто е полошо рангирана од Црна Гора и се наоѓа на 78-то место, покажале тестирањата.

Инаку, во текот на 12 месеци сe' до 10-ти мај оваа година ширум светот биле спроведени повеќе од 63 милиони тестирања на брзината на интернет мрежата.




Колку за пример, преземањето на HD филм од 7.5 GB во Јемен, земјата којашто е последна на оваа листа и којашто има просечна брзина од само 0.34 Mbps, би траело и повеќе од два дена.

Шведска, Тајван, Данска, Холандија и Летонија бележат просечна брзина поголема од 30 Mbps, што британската регулаторна агенција за телекомуникации Ofcom ја дефинира како “супер брзина”.

Истовремено, 139 земји имаат просечна брзина на интернетот под 10 Mbps, што според Ofcom претставува минимална брзина којашто може да им одговори на потребите на едно просечно семејство.



А помеѓу 30-те земји со најбрз интернет главно се наоѓаат држави од Европа и Азија, додека во Африка и повеќе од половината од државите поседуваат најслаби перформанси, објави порталот cable.co.uk, којшто нуди советодавни услуги за британските провајдери на интернет, ТВ и телефонија.

No comments

Powered by Blogger.