Убиство ја потресе Македонија: Две лица убиени во Кочани, до телата пронајдена автоматска пушк

Пишува: Точка

Две тела се пронајдени во куќа во Кочани. Според информациите на МВР, на телата биле забележани прострелни рани, а до нив имало пушка.

Вчера, во 18.50 часот, С.М. (28) од с.Теранци, кој привремено живее во Кочани во куќа сопственост на С.В., пријавил во полиција дека во куќата ги пронашол безживотните тела на С.Г. (42) од Скопје и Ј.П. (25) од Пробиштип, која, исто така, живеела како потстанар во куќата.

На телата на починатите биле забележани прострелни рани во пределот на главите.




Покрај телата била пронајдена автоматска пушка марка „Црвена Застава“ и неколку чаури од куршуми, кои заедно со другите пронајдени предмети, се подигнати и ќе бидат доставени за вештачење, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, телата се пренесени во Медицински центар Кочани каде ќе биде извршена обдукција.

No comments

Powered by Blogger.