Единствено тој ја предвидел светската економска криза и сега предупредува: Следи уште поголем крах, еве и зошто

Пишува: Точка

Десет години по почетокот на големата светска економска криза, која ја предвидел само еден човек, професор Стиви Кин, доаѓа предупредување дека уште еден ваков крах е "речиси неизбежен".

Француската инвестициска банка "БНП Парибас" на 9. август 2007. година објавила дека затвора три инвестициски фонда специјализирани за пазари на американски хипотекарни претпријатија, објаснувајќи дека се борат за пресметување на своите вредности поради растечката загриженост поради ликвидноста.

Почнала светската финансиска криза. Банките доживеале колапс, невработеноста нагло скокнала, а паднале дури и некои влади. Цела деценија, политичари, регулатори и финансиери се обидувале да пронајдат начини да сопрат слична катастрофа.




Кин, еден од економистите на Кингстон универзитетот во Лондон, го предвидел колапсот. Зборувајќи за RT, Кин рекол дека уште една финансиска криза би можела да биде "зад аголот", доколку не се усвои фундаментално поразличен пристап. Како што рекол "премногу сме сконцентрирани на државниот долг, но дека вистински проблем е приватниот долг".

"Економијата на Велика Британија не е стабилна, што е последица на најголемата финансика криза од Големата депресија, а уште постои недостиг во свеста во политичките кругови за тоа што всушност ја предизвикало кризата", рекол Кин. Како што вели, кризата во Британија не ја предизвикала државната потрошувачка.



"Тоа е апсурд. Тоа технички би значело дека владината потрошувачка во Британија ја предизвикала и финансиската криза во САД, што е чиста глупост. Тој пристап ни донесе штедење последните 10 години, што само дополнително ја ослабе економијата", тврди познатиот економист.

Тоа што се занемарува, објаснува Кин, е дека нивото на приватниот долг во Велика Британија достигнал 195 проценти од БДП по кризата. Моментално е на околу 170 проценти, а тоа е и натаму три пати повеќе од нивото на долгот кој Англија го минала пред ерата на маргарет Тачер.



"Со количината на долг кој само седи таму, многу е веројатно дека ќе има уште една криза, а уште поверојатно е дека ќе имаме стагнација", вели Кин.

Главна причина за загриженост, вели Кин, е тоа што го нарекол "зомби економии", како што се Австралија, Белгија, Кина, Канада и Јужна Кореја, кои ја избегнале минатата криза со позајмици.



Тие сега имаат поголем товар на долг со кој мора да се позанимаваат кога ќе дојде следната криза, што би можело да се случи помеѓу 2017. и 2020. година, тврди Кин.

"Тие економии се со приближна големина како американската. Така што кога тие ќе паднат, ќе се случи криза која ќе го погоди остатокот од светот", објаснил економистот.



Кина е посебен случај, тврди експертот, бидејќи има продолжени кредити со годишна стапка од околу 25 проценти. Со вториот приватен сектор, кој надминува 200 проценти од БДП, најмногу личи на презадолжените економии на Ирска и Шпанија пред 2008. година. Малку надеж има и за Австралија, тврди економистот кој е таму роден, чии кредити и станбени балони не пукнале во 2008. година. Минатата година, кредитот во приватниот сектор бил поголем од 200 проценти БДП.

Австралија денес може да ја избегне кризата, само ако се раздолжи до утре", вели Кин.

No comments

Powered by Blogger.