Започнува депортацијата: Германија ги враќа мигрантите во Грција!

Пишува: Точка

Германските власти ќе започнат да ги враќаат во Грција новопристигнатите баратели на азил со што престанува петгодишната забрана за нивна депортација која што првенствено беше воведена поради лошите услови во грчките прифатни центри.

Оваа информација ја потврди грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас кој за телевизијата "ARD" изјави дека грчките власти примиле 392 барања и одобриле враќање на „помал број“ на баратели на азил од Германија и уште неколку други земји од Европската унија.

„Имаше притисок од неколку земји од Европската унија врз Грција да го прифати враќањето на мигрантите. Разбирам дека владите од некои земји од Европската унија со ова сакаат да покажат дека постигнале некакви резултати пред своите гласачи“, изјави Музалас, пренесува грчки „Катимерини“.



Германија ја сопре депортацијата на мигранти во Грција после одлуката на Уставниот суд во 2011-та година.

Сепак, според Даблинските прописи, барањето за азил се разгледува во првата земја членка на Европската унија каде што влегол мигрантот, а во случај во меѓувреме да успеал да отпатува во некоја друга земја членка на Европската унија, тогаш тој мора да биде вратен назад во првата земја каде што пристигнал.



Од 2015-та година, Германија прими нешто помалку од еден милион мигранти од Блискиот исток и Северна Африка. Засега, предвидено е во нашиот јужен сосед Грција да се вратат само мигрантите кои што пристигнале во Германија од средината на март 2017-та година.

No comments

Powered by Blogger.