Турските војници на ужасен начин ги понижувале бегалците: Ги тепале и ги терале да носат женска долна облека

Пишува: Точка

Инцидентот наводно се случил на турско-сириската граница само неколку дена претходно, откако беа уапсени неколкумина војници поради сомнение дека малтретирале сириски бегалци.

Фотографиите кои што се појавија на интернет го згрозија светот, а на нив можат да се видат тројца мажи кои што носат женска долна облека, а имаат и видливи модринки на грбот и рацете.

Како што пренесуваат сириски активисти, турските војници ги злоупотребувале сириските бегалци кои што се обидувале да ја преминат границата.

Фотографиите на Твитер ги објави сирискиот новинар Ахмад Алкхатиб кој што тврди дека турските војници ги понижувале сириските бегалци кои што сакале да ја преминат границата.

с

No comments

Powered by Blogger.