“Ја фотографирав принцезата Дајана додека умираше пред да дојде Брзата помош”

Пишува: Точка

“Мојата сестра Дајана го добила името според божицата на ловот, а на крајот таа почина бидејќи тие ја ловеа неа”, изјавил братот на покојната принцеза Дајана на нејзиниот погреб.

Принцезата Дајана почина во Париз на 31. август 1997. година, а Велика Британија оваа година ја одбележува дваесетгодишнината на еден од најтрагичните настани во кралското семејство во 20. век.
Дајана и нејзиниот љубовник Доди Ал Фајед погинале во Париз, бегајќи од папараци кои го снимале секој нивен чекор, а еден од нив ја фотографирал принцезата по несреќата, додека го чекале возилото на Брзата помош. Фотографот кој ги направил грозоморните фотографии ќе се појави во документарецот на британскиот Channel 4, кој се занимава со животот на Лејди Ди и кој ќе се прикажува на почетокот на август, оваа година.


Тој во документарецот признал дека ја фотографирал принцезата додека умирала, но и дека фотографиите ги уништил и тие никогаш нема да бидат објавени.

Папараците сакале да го фотографираат и телото на покојната принцеза откако било објавено дека таа починала.
“Тие се качуваа на покривот од болницата и се искачуваа на прозорците. На крајот моравме да ставиме покривки на сите прозорци и да ги вклучиме вентилаторите бидејќи стануваше претопло. Поради вентилаторот, нејзината коса за момент се помрдна, а јас помислив дека е жива”, вели еден од блиските соработници на Дајана за трауматичниот настан кој го потресе целиот свет.

No comments

Powered by Blogger.