Американски супербомбардери полетаа на Пацификот, а Трамп порача: Никогаш нема да дозволиме некоја земја да биде посилна од нас!

Пишува: Точка

Американските пацифички воздухопловни сили синоќа објавија твит со порака кој што го најавија пристигнувањето на супербомбардерот во базата на островот Гуам.

Пацифичките воздухопловни сили на американската армија, соопштија дека бомбардерите пристигнуваат на островот Гуам каде што ќе бидат ангажирани во билатерална мисија со Јапонија и Јужна Кореја и порачаа - „Подготвени за борба“.

На фотографијата која што "PACAF" ја објавија на Твитер се прикажани два бомбардери „Б-1“ кои се во придружба на два „Ф-15“ борбени авиони.

Портпаролот на "PACAF" изјави: „Два американски бомбардери „Б-1Б Лансер“ кои се доделени на 37-ма експедициска бомбардерска единица, која што е распоредена во воздухопловната база Елсворт во Јужна Дакота, пристигнаа во Гуам од каде што полетаа на 10-часовна мисија во близина на Јапонија, источна Кина и Корејскиот полуостров“.




„Во текoт на мисијата, на нашите „Б-1“ авиони им се придружија јапонските и јужнокорејските воздухопловни сили со авиони „Ф-15“. Овие летови со Јапонија и Јужна Кореја ја покажуваат солидарноста на САД во одбраната од провокативни и дестабилизирачки акции во регионот на Пацификот“.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп упати остра закана до Северна Кореја, истакнувајќи дека на секоја идна закана на Пјонгјанг до Соединетите Американски Држави, ќе биде одговорено со „оган и бес“.

Сепак, во меѓувреме од Северна Кореја порачаа дека нивните сили се подготвени за напад на американската воена база на островот Гуам во секој момент и нагласија дека нападот ќе биде изведен тогаш кога севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе даде наредба за такво нешто.



Дека ситуацијата е крајно тензична и лесно може да ескалира во страшна војна, доволно говори и пораката на американскиот претседател Доналд Трамп, во која што вели дека САД имаат модернизиран нуклеарен арсенал и никогаш нема да дозволат некоја земја да биде посилна од нив.

„Мојата прва наредба како претседател беше модернизирање на нашиот нуклеарен арсенал. Тој сега е посилен и помоќен од било кога. Се надеваме дека никогаш нема да ја искористиме таа моќ, но никогаш нема да се случи ние да не бидеме најмоќната нација на светот“, порача Доналд Трамп на Твитер.

Воените аналитичари сметаат дека ваквата изјава на Доналд Трамп е можеби индиректна порака до Кина, која што ќе мора да „стои на страна“ доколку дојде до војна помеѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија против Јужна Кореја.

No comments

Powered by Blogger.