Хероина од авион: Жена случајно видела СМС порака на патник пред себе и разоткрила страшни педофили

Пишува: Точка

Додека седела во авион на лет од Сиетл до Сан Хозе, неименуваната жена случајно прочитала порака на мобилниот телефон на патникот пред себе. Вознемирена од содржината, го фотографирала телефонот со пораката и го известила екипажот, а се сè завршило со негово апсење.

"Содржината на пораката ја вознемирила жената, бидејќи се однесувала на сексуално злоставување на деца", соопштил претставник на полицијата во Сиетл.

Гледајќи ја фотографираната порака, екипажот ја известил аеродромската полиција во Сан Хозе, пренесува Huffington Post.



Патникот по име Мајкл Келар бил уапсен по слетувањето, а кратко потоа полицијата ја уапсила и Гејл Бернворт, која му ги праќала пораките на Келар.

Бернворт работела како бебиситерка, и според информациите на полицијата, посредувала во контактот на Келар и две деца на возраст од пет и седум години. Таа му пратила порака дека ќе чува деца во недела и дека ќе му дозволи да ги силува кога ќе заспијат.

Двајцата осомничени ќе одговараат пред суд поради силување и сексуално искористување на деца.


No comments

Powered by Blogger.