Мрачната страна на Закинтос за која странците молчат: Нерасветлени убиства, силувања и несреќи


Пишува: Точка

Иако забавната атмосфера станала еден од заштитните знаци на Закинтос, прекумерните количини на алкохол на островот довеле до многу мрачни пресврти во последните 10 години.

Првата работа која туристите ја забележуваат на грчкиот остров Закинтос е неговата убавина. Прекрасното Јонско море, остров кој изобилува со песочни плажи, карпи и шуми, а според легендата бил и омилено место на близнаците Артемис и Аполон, познати митски личности. Другата страна на овој остров е тоа што е познат по добрата забава. Таму има ноќни клубови, фестивали на плажа, кои на туристите им нудат исто чувство како на Тајланд или Ибица. Преголемата количина на алкохол и неконтролираните забави довеле до тоа низ годините да се зголеми бројот на инциденти, кои често завршуваат со смртоносен резултат. 


На почетокот на јули американскито турист Бакари Хендерсон бил претепан до смрт. За тепачката била обвинета група српски туристи, а целиот инцидент се случил во бар во Лаганас. Камерите за видео надзор покажале дека целиот напад траел само 30 секунди. Меѓутоа, ова не е прв случај од овој вид на ова туристичко место. 


17-годишниот Британски турист Метју Крајер бил убиен пред ноќен клуб во Лаганас во 2008. година. Грчката полиција на почетокот тврдела дека умрел од прекумерно консумирање на алкохол. Меѓутоа, британската истрага покажала дека Метју, кој претрпел околу 20 повреди, всушност бил убиен. 

Неговото семејство верува дека го нападнале четворица вработени во клубот, но грчкиот суд на крајот се откажал од кривично гонење на овие мажи.

Во 2011. година уште еден британски турист, 19-годишниот Роберт Џејмс Себаж, бил избоден до смрт откако неговите пријатели наводно впериле ласер во очите на еден таксист во раните утрински часови. Возачот извлекол нож и го забодел момчето во срце, за што бил осуден на 16 години затвор. 

Минатиот месец еден турист од Куба изгубил рамнотежа и паднал од карпа додека се обидувал да фотографира една атракција на Закинтос, односно брод стар 37 години. 

На почетокот на оваа година, еден Грк умрел додека се обидувал да направи селфи на истата локација, а во текот на 2016. година кинески турист се удавил додека пливал. По тој инцидент властите одлучиле да постават спасувачи на плажите во текот на туристичката сезона, пренесува News.com.au.

Иако забавната атмосфера станала еден од заштитните знаци на Закинтос, прекумерните количини на алкохол на островот довеле до многу мрачни пресврти. 

Младата Британка Хана Пауел рекла дека поради прекумерна количина на алкохол ослепела и дека бубрезите почнале да и откажуваат. Два дена подоцна во болница се борела за својот живот. Имено, вотката била мешана со метанол, поради што таа ослепела и завршила на дијализа. 




Во текот на 2008. година локален доктор за Independent рекол дека жените често му се жалат дека биле силувани. Некои од нив биле толку пијани што не се сеќавале дали имале секс или не. 

Истата година, Reuters објавил дека дури девет Британци биле обвинети за проституција, поради натпреваар во орален секс на Лаганас. Во текот на 2014. година еден писател за Vice Greece рекол дека Закинтос станал мека за "туристите кои се желни за секс", а локалците немаат друг избор освен тоа го трпат.


"Секое лето млади луѓе од Велика Британија, Германија, Австрија или Италија летуваат на овој грчки остров, со мисија неколку дена полуголи да се забавуваат на улиците", рекол тој.



No comments

Powered by Blogger.