На интернет "испливаа" срамни фотографии од британски туристи кои не знаат како да се справат со пијанството на островите

Пишува: Точка

Дека туристите од Велика Британија на одмор се однесуваат како "пуштени од ланец" на луѓето од Хвар и останатите Хрватски острови им стана јасно неодамна, но локалните жители на Шпанската Магалуф водат битка со Британците веќе со децении.

Кога ништо друго не вроди резултат, тие се одлучиле за докажаната тактика на "засрамување". Сепак ни таа не донела некои конкретни резултати, освен што ги разбеснила Британците - дури и оние кои никогаш не ни биле на островот.



Контроверзната Фејсбук страница "Maga Walk Of Shame" објавува фотографии од туристи во компромитирачки ситуации дента по нивното излегување, налеани со литри и литри алкохол.



Но наместо Британците да си го стават прстот на чело и да се замислат - или да ги осудат своите сонародници за ваквото однесување, тие се разгневиле и им упатуваат гневни критики на луѓето кои ги направиле овие фотографии. Како што велат, туристите дошле таму да се опуштат и релаксираат, да избегаат од стресот и секојдневието и нема потреба да ги посрамотуваат поради тоа.



Пример, под фотографиите и видео снимките од полуголи девојки (или целосно голи) кои сред бел ден ноншалантно се шетаат низ градот, коментарите се "идиоти" и "морони" - упатени не кон девојките туку до оние кои ги фотографирале.



"Ако одите на Магалуф, очекувајте дека ќе се најдете на оваа страница. Тоа е шега, ниту една од овие девојки не се налутила поради ова, сите ја сфаќаат смешната страна на приказната", изјавил еден од жителите за британските медиуми.

Покрај ваквите безопасни фотографии, локалните жители на Мегалуф се соочуваат и со секс-сцени сред бел ден што и не е така пријатна глетка.





No comments

Powered by Blogger.